Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Од ноември 2026 година до мај 2029 година ќе има целосна забрана и за извоз на отпад од пластика од ЕУ, вклучувајќи го и неопасниот отпад од пластика

-

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк, челик, олово, алуминиум, но и маст и масло за јадење, хартија и картони и стакло се на листата која ја објави Министерството за животна средина која ќе биде доставена до Европската комисија. ЕК потоа треба да одлучи дали земјава има капацитет да управува со таков отпад на еколошки здрав начин.

Според новите регулативи на Европската Унија за увоз, извоз и транзит на отпад, кои се на сила од 2024 година, а ќе почнат да се применуваат од 2027 година, се воведуваат построги услови за извоз на отпад од зелената листа од ЕУ во земји надвор од Унијата. Целта на новата регулатива е да се спречи илегалниот извоз на отпад од земјите членки на ЕУ во трети земји, кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во која група припаѓа и Македонија.

„Почнувајќи од 21 мај 2027 година, Европската Унија воведува построги правила за извоз на неопасен отпад. Извозот на неопасен отпад од „зелена листа“, генерално ќе биде забранет во земјите кои не се членки на ОЕЦД. Исклучок од ова правило би биле земјите кои имаат капацитети кои ги исполнуваат условите за заштита на животната средина за преработка на овој отпад. Сите земји кои сакаат да увезуваат неопасен отпад од ЕУ потребно е да ја известат Европската Комисија за нивната подготвеност и да ја потврдат нивната способност да го управуваат отпадот на еколошки здрав начин согласно правилата на ЕУ законодавството“, велат од Министерството.

Од таму информираат дека, за да може да се увезува отпад од ЕУ, Министерството за животна средина пополнило барање, во соработка Државниот инспекторат за животна средина, Царинската управа и Министерството за економија и труд кое, преку владина процедура, ќе го достави до Европската Комисија најдоцна до 20 февруари 2025 година. Врз основа на ова барање Европската комисија ќе одлучи дали земјава ги исполнува условите за управување со отпад и во зависност од тоа ќе одлучи дали земјата ќе биде дел од Листата на земји кои ќе можат да вршат увоз на отпад од ЕУ.

Исто така, според новата регулатива, од ноември 2026 година до мај 2029 година ќе има целосна забрана и за извоз на отпад од пластика, вклучувајќи го и неопасниот отпад од пластика. По завршување на овој период Македонија и земјите кои не се членки на ОЕЦД, заинтересирани за увоз на отпад од пластика, ќе треба да го докажат својот капацитет да управуваат со таков отпад на еколошки здрав начин, за да бидат вклучени во листата во кои овој отпад ќе може да се извезува од ЕУ.

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната зборува за...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната...