fbpx

Македонија казнета во Стразбур за случајот со поранешниот судија Митриновски

-

Утрово судот за човекови права во Стразбур донесе одлука во случајот „Митриновски против Македонија“, во кој државата е осудена за прекршување на членот 6 параграф 1 на Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на правото на фер судење. Македонија ќе треба на Митриновски да му исплати 4.000 евра нематеријална отштета и дополнителни 1.230 евра за покривање на судските трошоци.

Јордан Митриновски е поранешен судија и претседател на Апелацискиот суд во Скопје. Тој бил разрешен од својата фунцкија во 2011 година поради неговата одлука во 2010 година да го пушти тутутнскиот бос, Бајруш Сејдиу, во домашен притвор. На оваа одлука лично се противел претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и тој лично побарал Судскиот совет да го разреши Митриновски.

Судот во Стразбур во својата пресуда оценува дека е легитимен стравот на поранешниот судија Митриновски дека претседателот на Врховниот суд одиграл пристрасна улога во одлуката на Судскиот совет.

Одлуката на Европскиот суд за човекови права гласи:

„Судот оцени дека господинот Митриновски имал легитимна основа да стравува дека претедателот на Врховниот суд бил веќе лично убеден дека тој треба да биде разрешен поради професионална грешка пред прашањето да дојде до Судскиот совет. Барањето на претседателот на Врховниот суд го иницираше процесот пред Судскиот совет, каде тој поднел докази и аргументи во полза на наводите за професионална грешка, така што тој одиграл улога на обвинител. Потоа тој учествувал во донесувањето одлука како член на Судскиот совет.
Системот што му овозможува на претседателот на Врховниот суд – кој ја иницирал процедурата во прашање – да учествува во одлуката за разрешување на Митриновски, фрла сомнеж врз неговата непристрасност. Европскиот суд за човекови права оценува дека улогата на претседателот на Врховниот суд во процедурата не била ниту објективно, ниту субјективно непристрасна. Затоа има прекршување на членот 6 параграф 1 на сметка на недостигот од непристрасност од страна на Судскиот совет.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...