fbpx

Македонија и Косово ќе работат на развој на дигитализацијата во двете земји

-

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за иновации и претприемништво на Косово, Бесим Бечај денеска остварија работна средба на којa што разговараа за идните заеднички активности од областа на развојот на информатичкото општество, иновациите и претприемништвото.

„Темите за кои што разговаравме се унапредување на нашата регионална соработка пред се во делот на конкретните аспекти кои што ќе влијаат на животот на граѓаните. Она што сите го знаете е дека имаме сериозен напредок и конкретен план за укинување на цените за роаминг помеѓу граѓаните од земјите на Западен Балкан, но и кон Европската Унија заклучно со 2021 година. Вториот проект за којшто разговаравме е нашиот предлог во Скопје да се формира регионален центар за обуки за сајбер безбедност  за сите вработени во јавните институции од земји од Западен Балкан, за што имаме целосна поддршка од нашите пријатели од Косово“, информираше Манчевски.

Како што истакна тој, МИОА ја прифаќа иницијатива на министерот Бечај за формирање на регионален облак (cloud) за земјите Северна Македонија, Косово и Албанија каде ќе може да се врши истражување и развој и еден вид соработка меѓу научно-технолошките центри и паркови на регионално ниво.

Министерот Бечај информираше за последната средба со Еврокомесарката за дигитална економија и општество, Мариа Габриел, каде се разговарало за отворените европски фондови кои регионално Северна Македонија и Косово можат да ги искористат.

„Со комесарката Габриел разговаравме за дигиталните вештини, за облакот за регионални истражувања и развој, како и за многу други области од нашиот интерес, се стремиме кон добивање европски фондови и се надевам дека во таа насока ќе можеме да оствариме понатамошна соработка со министерот на Македонија. Исто така, сакам уште еднаш да изразам поддршка за проектите коишто се во план, вклучително и за регионалниот центар за сајбер-безбедност“, рече Бечај.

На работниот состанок се зборуваше и за можната соработка во полето на развој на паметни градови. Двете држави можат заедно да формираат добар пазар за развој на дигитални вештини, подигнување на компетитивноста и искористување на човечките ресурси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...