fbpx

Македонија и Бугарија со железница ќе се поврзат во 2020 година

-

Железничко поврзување и определување на спојните точки меѓу Македонија и Бугарија, интензивирање на соработката на железничките компании, како и размена на искуства и размена на експертски тимови, беа само дел од темите за кои разговараа директорот на ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“, Ирфан Асани, и директорот на бугарската национална железничка инфраструктурна компанија, Милчо Ламбрев, на средбата што се одржа во Скопје.

Во текот на средбата, Асани го информираше директорот на бугарската железничка компанија дека градежните работи и проектите за железничко поврзување меѓу двете држави се во тек и дека најдоцна до 2020 година се очекува Македонија и Бугарија железнички да се поврзат.

Според Ламбрев, бугарските железници моментално проектираат нови траси на железничката линија кон Македонија.

Следната средба на двајцата директори ќе биде во Софија, а главна цел ќе биде подобра координација меѓу двете железнички компании.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...