Македонија го славеше Свети Сава: Од пораки за мир до про-руска пропаганда

На прославата, покрај пораките за мир, љубов и заеднички напредок имаше изјави кои значеа повторување на познати ставови од про-руската пропаганда како и остри критики на адреса на Европската унија и НАТО

-

Вчера се одржа чествувањето на Свети Сава, еден од најзначајните личности во српската историја и култура, познат како основач на Српската православна црква и духовен водач на српскиот народ. Српската заедница во Македонија, како важен дел од мултикултурното општество, организираше прослава на која присуствуваа значајни претставници од различни заедници и институции. Меѓу присутните беа премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Андрија Мандиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, српскиот патријарх Порфириј и македонскиот архиепископ г.г. Стефан.

На прославата, покрај пораките за мир, љубов и заеднички напредок имаше изјави кои значеа повторување на познати ставови од про-руската пропаганда како и остри критики на адреса на Европската унија и НАТО. Изјавите внесоа политичка димензија на настанот, кој иако беше посветен на одбележување на важен духовен и културен момент, не беше ослободен од политички призвук.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик во својот говор рече дека „Србите денес имаат две држави на Балканот – Република Српска и Србија“ и дека „српскиот народ не ги извалкал рацете во граѓанската војна во Босна и Херцеговина“

А, геноцидот во Сребреница го нарече лага на Џо Бајден и неговата администрација.

Ова ситуација дополнително ја спореди со војната во Украина за која кажа дека Русија на чело со Владимир Путин прави сè што е можно за да го заштити руското малцинство во Украина. Изрази и жалење што мора да има настрадани во конфликтот. Тој потоа се осврна и на Европската Унија тврдејќи дека своето лицемерие го докажала преку примерот со Македонија и дека требало да се размисли дали да се продолжи по тој пат.

„Ние сме на европскиот пат, но гледаме дека токму таа Европа е таа што најмногу се посрамоти во Северна Македонија, која направи многу отстапки и малку доби од таа Европа. И еден ден ќе треба да застанеме и добро да размислиме дали да продолжиме по овој пат“, рече Додик.

Мицкоски не очекувал Додик така да зборува

Премерот Христијан Мицкоски овој настан го виде како инспирација во создавањето општество кое ќе биде пример за регионот.

Но, по острите реакции од медиумите кон говорот на Додик се предомисли и на денешната прес-конференција изјави дека не се сложува со анти ЕУ и анти НАТО наративи на настанот на кој тој беше во прв ред, а воедно и говореше.

„Во делот на содржината на говорот кој што се однесуваше на анти ЕУ и анти НАТО и слично, категорично го отфрлам и апсолутно не се сложувам и навистина не очекував дека ќе го злоупотреби настанот со испраќање на такви пораки, бидејќи сепак тоа беше свечена академија, а не место каде што се упатуваат ваков тип на политички пораки“ изјави Мицковски

Неговиот заменик, вицепремиерот Иван Стоилковиќ, како организатор, настанот го искористи за да изрази поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ, а потоа и за да оствари средба со Милорад Додик во просториите на министерството.

„Некрофилски дизниленд“

Партијата на Бошњаците во земјава, Бошњачкиот демократски сојуз реагираше на посетата на Додик кај вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоиљковиќ, велејќи дека средбата ја доведува во прашање државната стратегија за европска интеграција и меѓународните односи.

„Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ во Владата на Македонија денес оствари средба со Милорад Додик во просториите на министерството, кој е на црната листа на САД поради неговите геноцидни политики и корупција“, велат од Бошњачкиот демократски сојуз.

Според нив, „ова е огромен удар за угледот на нашата земја во меѓународната заедница со што се поставува прашањето дали оваа влада воопшто негува европски вредности во контекст на почитување на човековите права и слободи и цивилизациски вредности утврдени со меѓународните акти“.

Ова не е прв пат Бошњачкиот демократски сојуз да има реакција кон однесувањето на Иван Стоиљковиќ. Тие минатата година поднесоа кривична пријава против него за негирање и исмејување со геноцидот во Сребреница.

Како што стои во нивното соопштение, пријавата е во врска со изјавата на Стоилковиќ, по одлуката на Министерството за надворешни работи да ја поддржи Резолуција на Обединетите Нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница, при што, како што наведуваат, геноцидот го нарекол „некрофилски дизниленд“.

Официјална Приштина молчи

Властите во Приштина не реагираат на никаков начин по скандалот со говорот на Додик, ниту пак претходно реагираа на ословувањето на Косово како Косово и Метохија на официјалната веб-страница на Министерството за односи меѓу заедниците со кое раководи Стоиљковиќ.

Порталб.мк уште пред петнаесетина дена испрати прашања и до косовската Влада и до Амбасадата на Косово во Скопје, но тие не најдоа за сходно да одговорат.

Во врска со ова, реакција имаше и од косовската партија Алијанса за иднината на Косово (ААК). Според нив, Република Македонија има обврска да се однесува согласно меѓународните норми во однос на државата Косово.

Инаку, Македонија ја призна независноста на Косово во октомври 2008 година, за време на владата на Никола Груевски, кога министер за надворешни работи беше истакнатиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...