fbpx

Македонија стана дел од Глобалното партнерство против насилството врз децата

-

Во завршницата на дводневната конференција на високо ниво:„Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан“ министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за правда Рената Десковска, за здравство Венко Филипче, за образование и наука Арбер Адеми и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска потпишаа формална заложба за пристапување кон Глобалното партнерство за ставање крај на насилството врз децата.

– И честитаме на Владата на оваа важна заложба со која се приклучува кон 26 други земји членки на Глобалното партнерство за ставање крај на насилството врз децата. Со работата на ставање крај на насилството врз децата всушност работиме на тоа секое дете да се чувствува безбедно дома, на училиште и во заедницата – рече претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани.

Со ова Република Северна Македонија ќе стане дваесет и седма земја предводник во рамките на Глобалното партнерство за крај на насилството врз децата. Со потписите на министрите земјава и се обврза да спроведе конкретни активности до 2022 година за постепено ставање крај на насилството врз децата.

– Ниедно дете не треба да расте во страв. Кога целото општество им помага на родителите да израснат деца со здрава приврзаност, деца кои добиваат поттик во својот развој, деца кои веруваат во себе, кои се истрајни, емпатични, знаат како да се справат со разочарувањата, и кои учат и откриваат нови нешта – тогаш ние создаваме просперитет, како и понапредни, посилни, поуспешни и побезбедни општества – рече министерката Царовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...