fbpx

Македонија со благо подобрување од лани на индексот на демократијата на „Економист“

-

Според „Индекс на демократијата 2019“ (Democracy Index 2019) на „Economist Intelligence Unit – EIU“, која е сестринска организација на магазинот „Економист“, Македонија во изминатата година направила благо придвижување кон подобро во однос на годината пред неа, односно во 2018, но сè уште е во категоријата на „земји со хибридни режими“. Рангирањето по категории е од Целосна демократија, преку Нарушена демократија и Хибриден режим до Авторитарен режим.

Во Индексот што беше објавен денеска, од 165 земји во светот, Македонија е рангирана на 77-то место, со збирна оценка од 5,97. Збирните оценки на скала од 0 до 10 се движат од 9,87 на најдобро рангираната Норвешка, до 1,08 на Северна Кореја. Во регионот, полошо од земјава котираат Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Косово не е вклучено во индексот.

Во поединечните категории, Северна Македонија за изборните процеси и плурализмот доби оценка 7, за функционирање на властите 5,36, за политичко учество 6,67, за политичка култура 3,75, додека за граѓански права 7,06.

Што се однесува до вкупната оценка за земјава за годинава, односно 5,97, тоа е многу мал пораст во однос на лани, кога била 5,87. Од 2016 оценката е во благ пораст, но годинашната е сепак пониска од таа за 2015 година, кога изнесувала 6,01. Во периодот од 2006 година, кога почнува изработката на индексот, оценката била 6,33 а потоа до 2014 година во континуитет опаѓа и во некои период стагнира.

Во подрачјето на Источна Европа, кое ги опфаќа и Словенија, Унгарија, Полска, па на исток се до Казахстан и Таџикистан, Македонија е рангирана на 13-то место.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...