fbpx

Македонија побара помош, а за Бугарија pan.bg треба да ја праша бугарската власт

-

Викендов бугарскиот портал pan.bg што се занимава со прашања околу бугарската армија и со НАТО-учеството на Бугарија, но генерално и со воени теми, се заинтересира зошто НАТО дава пари на Северна Македонија за борба против корона-вирусот.

Со наслов „Вонредно: САД финансира 1 милион на Македонија за борба против вирусот: НАТО исто така помага многу! А за нас кога?“, бугарскиот воен портал се чуди зошто НАТО ѝ помогнал на Северна Македонија.

Цитирајќи примери дека НАТО сакал да помогне на земјава, овој бугарски портал, наведува колкава помош дале Унгарија, Словенија, Меѓународната агенција за атомска енергија, за ублажување на влијанието од пандемијата на Ковид-19.

Притоа, порталот праша оти НАТО дава пари на Северна Македонија, а не дава за Бугарија. Имено, порталот известува дека Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздравил помошта од неколку членки на Евроатлантскиот сојуз, нарекувајќи ја „сојузна солидарност“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...