Македонија на европското дно според интернет пристапот до јавната администрација

-

Секој петти жител на Македонија лани преку интернет пристапил до јавната администрација, а еден од дваесет електронски (онлајн) пополнил службен формулар, покажуваат податоците на европската агенција за статистика ЕУРОСТАТ.

За споредба, просечно во Европската унија секој втор граѓанин преку интернет пристапил до информации или услуги од државните органи и јавните претпријатија, а секој трет преку интернет поднел пополнет формулар за услуга од државата.

Македонија е во дното според користењето на интернет за да се пристапи до информации или услуги од државната администрација, покажуваат податоците на ЕУРОСТАТ. Споредено со европскиот просек, македонските граѓани два и пол пати поретко користат интернет за да добијат информација од државен орган. Европјаните, пак, шест пати почесто преку интернет до државната администрација доставуваат пополнети формулари.

Податоците на ЕУРОСТАТ за „граѓани кои користеле интернет за интеракција со јавните власти“ се однесуваат на употребата на интернет кај граѓаните од 16 до 74 години кои за лични, приватни потреби пристапиле до информација од веб-страница на државните органи, побарале службени формулари или преку интернет поднеле пополнети формулари.

На дното од листата на ЕУРОСТАТ, покрај Македонија, се и Романија, каде петпати помалку се пристапува до сајтовите на јавните сервиси, а девет пати помалку се поднесуваат пополнети формулари, и Босна и Херцеговина, со четири и пол пати помал пристап до страниците, и четири пати помалку поднесени формулари, споредено со европскиот просек.

Помалку од европскиот просек преку интернет се пристапува до државните органи и во Словенија, Хрватска, Црна Гора и Србија, но и нивниот просек е подобар од македонскиот.

Спротивно на балканскиот однос кон интернет комуникацијата со јавните служби, граѓаните на скандинавските земји масовно го користат онлајн-пристапот кон јавните информации и услуги. Повеќе од 90 отсто од жителите на Данска, Исланд и Норвешка преку интернет доаѓаат до информации од јавните служби, а електронското пополнување и поднесување формулари е практика на околу 80 отсто од жителите на Данска, Шведска и Исланд, покажува табелата на ЕУРОСТАТ.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...