fbpx

Македонец почина гол во затвор во САД

-

Во ужасни услови, во затвор во Детроит, почина 32-годишниот Македонец, Давид Стојчевски, син на македонски иселеници.

Давид бил осуден на 30 дена затвор за казна од 772 долари поради непрописно возење, што не можел да ја плати, а веќе 17. ден починал во една од ќелиите, гол и во лоша здравствена состојба, без медицинска помош. За само 17 дена ослабел 25 килограми.

Давид бил наркозависник на рехабилитација и примал метадонска терапија, но не добил соодветна ќелија за детоксикација, ниту, пак, нега и помош. Откако почнал да се однесува чудно, да халуцинира и да зборува сам со себе, Стојчевски бил преместен во ќелија за набљудување во случај да се самоубие, каде што на затворениците не им е дозволено да носат облека заради сопствена безбедност.

На видеозаписот се гледа како неговото тело трепери додека тој лежи на студениот под во ќелијата сѐ до неговата смрт. Давид умира гол во американскиот затвор.

Неговото семејство тврди дека тој бил запоставен додека бил во затвор и сака целиот свет да ја види агонијата на нивниот син, за во иднина да не се повтори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...