Македонецот Мартин Саздов и неговиот тим станаа светски прваци во Dota 2

фото: @TundraEsports на Твитер

Мартин Саздов – „Сакса“ од Свети Николе со својот тим Tundra Esports станаа светски прваци на натпреварот „The International 11“ во играта Dota 2, една од најпопуларните игри во е-спортот.

Победата на овој турнир на тимот му донесе и награда од над 8 милиони американски долари.

Светското првенство во Dota 2 се одржа во Сингапур, а тимот Tundra Esports ја освои титулата откако убедливо го победи Team Secret се резултат 3-0 во финалето што се одржа во неделата.

Тимот на „Тундра“ остана непоразен во текот на целата фаза од натпреварувањето, губејќи само четири мапи во групната фаза и само една во главната фаза.

Покрај „Сакса“, дел од победничкиот тим се и Олибер Лепко „Скитер“ од Словачка, Нета Шапира „33“ од Израел, Јунг Ву „Снејкинг“ од САД, Куртис Линг „Ауи-2000“ од Канада и Леон Кирилин „Најн“ од Русија.