fbpx

„Мајкрософт“ купи технологија за дигитални моливи

-

„Мајкрософт“ од израелската компанија „Ен-триг“ ја купи технологијата поврзана со дигиталното моливче кое се испорачува со нејзиниот таблет „сурфејс 3“.

Иако условите од купувањето не се објавени, како што пишува „Вол стрит џурнал“, „Мајкрософт“ платил 30 милиони долари за технологијата која стои зад дигиталниот молив кој се испорачува со таблетите „сурфајс про 3Е“ и „сурфејс 3“. „Мајкрософт“ соработува со „Ен-триг“ од 2008 година и има околу шест отсто удел во компанијата.

„Ен-триг“ е основана во 1999 година, а развива дигитални моливи и чипови за екрани чувствителни на допир. Компанијата има седиште во Израел, вработува околу 150 лица, сопственик е на околу 100 патенти, а соработува и со други компании, како што се „Леново“ и „Сони“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Нема казни за предизвикувањето на шумските пожари

Пожарите, покрај поплавите, се најчестите природни непогоди кои се случиле во земјата во изминатите две децении. Најчесто ги има во периодот меѓу март и септември, што укажува дека се...