fbpx

„Мајкрософт“ и „Метаморфозис“: Бесплатен „офис 365“ за невладините

-

Првпат невладиниот сектор има можност да добие бесплатен пристап за „мајкрософт офис 365“ (Microsoft оffice 365) на денот на „Мајкрософт“ посветен на граѓанскиот сектор. Работилницата и трибината „Бидете иницијатор на промени со Microsoft Office 365 и облак-технологиите“ ги организираше Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со поддршка на „Мајкрософт Македонија“.

На настанот, на претставниците на граѓанскиот сектор им беше овозможено да дознаат повеќе за можностите да добијат софтверски донации од програмата „Мајкрософт сајбергрантс“ (Microsoft Cybergrants).

– „Мајкрософт“ одамна ги препознава улогата и важноста на невладиниот сектор за напредок и за развој на општеството и преку ставање технологии и информатички софтвер и опрема на располагање на невладиниот сектор, се обидува да помогне на невладините организации во изведувањето на нивните општествено важни мисии. Она што оваа година имаме да го објавиме како новост е дека платформата „офис 365“ (Office 365) за соработка и за комуникација стана достапна за граѓанскиот сектор во Македонија. Се надеваме дека на тој начин ќе дадеме придонес за да се зголемат продуктивноста и ефикасноста на невладините организации – вели Стефан Плавјански, генерален менаџер на „Мајкрософт Македонија“.

На настанот беше презентирана и програмата „Техсуп Балкан“ (TechSoup Balkan), преку која граѓанските организации имаат можност да набават софтвер од различни компании.

– Целта на „Метаморфозис“ е да помогне на невладините организации да го зголемат својот капацитет. Ние го правиме тоа преку континуирани активности во форма на обуки, а оваа димензија на овомозожување пристап до софтвер ја имаме исто така во нашата работа. Ние во минатото промовиравме слободен софтвер, но во ситуации кога производителите на сопственички софтвер се подготвени да го помогнат општеството, ние соработуваме со нив. Најдобар пример за тоа е нашата соработка со „Мајкрософт“. Со овозможување софтверски донации, на невладините организации кои сакаат да го користат овој софтвер им се отвараат нови можности, особено преку „Техсуп Балкан“ – вели Филип Стојановски, програмски директор на Фондацијата „Метаморфозис“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...