„МАИКА“ – бесплатна алатка која гласовно чита текст на македонски јазик

МАИКА е бесплатна алатка која пишаниот текст на македонски јазик го претвора во говор. Алатката е изработена од тимот на „Emit Knowledge“.

Инспирација за создавањето на оваа алатка, како што велат од тимот, е да се остави наследство за следните генерации, со цел да се зачува и збогати македонскиот јазик, но и да се помогне на лицата со попреченост, поконкретно на лицата со оштетен вид.

„„МАИКА“ е следниот логичен исчекор што ќе придонесе кон збогатување на алатките и инфраструктурата на македонскиот јазик“ – велат креаторите на алатката.

Гласот со кој „МАИКА“ говори е на познатата спикерка и водителка Лилјана Крстева.