
Картата „Golden Traveling Chocobo“ доби обид за продажба од 50.000 долари на eBay. Се работи за најнов кросовер помеѓу Magic: The Gathering и Final Fantasy серијалот, едицијата што излезе на 13 јуни.
Ова се материјални карти, со повеќе светликави или златести рабови според суштество кое се јава наместо коњ во Final Fantasy франшизата и личи како комбинација од ној и фламинго во фантазиска верзија.

Освен златната карта има и други разнобојни карти со Чокобо-а, кои брзо достигнаа цени од 1500 долари за секоја посебно од картите, во кои колекционерите инвестираат.
Magic: The Gathering се спои со франшизата Final Fantasy. Се работи за серијал којшто е многу сакан од гејмерите и гејмерките ширум светот поради тоа што долго опстојува со квалитет на раскажувањето приказни, а подоцна и врвна анимираност на ликовите и забавни борби. За онлајн MMORPG верзијата на Final Fantasy, FF XIV имаме посебен напис.
Final Fantasy XIV е голема конкуренција на World of Warcraft каде пак во стилот на Близард да се превземаат туѓи идеи тукутака, има слични птици за јавање како Чокобо-то, за расите Блоделф (Синдореи) и Воиделф (Рендореи) каде сличните птици се наречени Hawkstrider и Voidstrider кои изгледаат вака:


Моментално најдобра верзија на видеоиграта за мобилни телефони или на PC од Magic: The Gathering е MTG Arena што се симнува на главниот вебсајт. Целовремено е апдејтирана со понови карти и е врзана и за секој официјален акаунт на главниот сајт за друштвената игра со материјални карти.
Да потсетиме дека инспирирани од Magic: Тhe Gathering излегоа популарни видеоигри со карти како Хартстоун (игра за која имаме и претходни написи овде), Gwent (од Witcher франшизата) и многу други „комбинирани клонови“ на вакви дигитални игри со карти за кои имаме посебен напис на следниот линк за најдобрите што се за играње и на мобилен телефон.
Magic The Gathering е игра со карти што може да ја играте во Гоблин Друштвени Игри во Скопје. Гоблин се продавница специјализирана за друштвени игри, акциони фигури и сѐ друго поврзано со фантазиски франшизи и со децении веќе организираат и водат компетитивни MTG турнири на интернационално и локално ниво, но за жал сѐ уште без солидна институционална поддршка и покрај достигнувањата и нивните континуирани напори да се популаризира повеќе играњето на Magic The Gathering. И вообичаено благовремено имаат карти на продажба и од најнови едиции.