fbpx

Мадрид: Тревога на железничка станица, маж се заканувал дека ќе се разнесе

-

Човекот уапсен на мадридската железничка станица, за кој се сомневало дека е бомбаш-самоубиец, е психијатриски случај и не носел експлозив, соопшти шпанската полиција.

Уапсениот го оставил ранецот во еден од вагоните и се заканувал дека ќе се разнесе, но се покажало дека станува збор за лажна закана.

Полицијата веднаш по дојавата ја евакуирала станицата и испратила специјални единици за справување со терористички напади. При претрес на вагонот е утврдено дека ранецот е празен.

Уапсениот бил од Северна Африка и не давал отпор при апсењето. Железничкиот сообраќај во Мадрид и во околината е заперен, како и линијата на метрото која минува низ Аточа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...