Американската пејачка и актерка Мадона сподели на својот профил на Инстаграм стори за студентските протести во Србија.
„Она што медиумите не го пренесуваат е дека моментално се случува еден од најголемите студентски протести од 1968 година, во Србија“, стои во постот кој на стори го објавила Мадона.

Заедно со фотографија направена од дрон, се опишува дека студентите го затвориле речиси секој универзитет, како и дека се во тек 24 часовни блокади.
Се наведува дека на улиците низ Србија луѓето бараат системски промени и помалку корупција во Владата.
„Професорите и наставниците им се придружија на студентите на протестите, а Владата им се заканува дека ќе ја изгубат работата“, пишува во објавата.
Ова е сериозен проблем, се додава во постот.
„Мора да направиме оваа ситуација да стане вирална и да ги поддржиме студентите и народот во Србија. Стоиме заедно со Србија“, наведува Мадона во објавата, а на снимките од Србија го има нејзиниот хит „Like a Prayer“.
View this post on Instagram