Маалски концерт на „Lepi Xhoni“ од „The John“ на покривот на Домот на градежници (видео)

Денеска, од 18 до 19 часот се одржа првиот од најавените „Маалски концерти“ во Скопје. Младиот скопски музичар и некогашен фронтмен на бендот The John, Lepi Xhoni, одржа едночасовен соло концерт за станарите од Градскиот ѕид.

Концертот се стримаше во живо на фејсбук-страницата на Град Скопје и на официјалниот јутјуб-канал на Град Скопје.

„За два дена, повеќе од 100 апликации од млади уметници од Скопје пристигнаа на јавниот повик што го објави Град Скопје, заедно со градските културни институции, за финансирање проекти од областа на културата – „Култура во време на корона““ – информираат од општината.

За секој учесник предвиден е хонорар во износ од 14.500 денари, а повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.