M3DS Академијата го одржа шестото издание од настанот Game Design How To? 2021

M3DS Academy Winners-слика од официјалниот сајт за настанот

M3DS Академијата информира дека го организираше и одржа шестото издание на едукативниот настан за правење игри Game Design How To? 2021 -настанот се одржа онлајн на Дискорд платформата. Од 600+ лица кои се пријавија учествуваа над 550 учесници, кои беа организирани во 81 тим, и 104 лица кои учествуваа индивидуално. Од М3DS исто така велат дека 92% од учесниците немале никакво искуство со видео графика и 3D моделирање a учесниците успеале за 7 дена да изработат многу креативни игри. Ова се победниците на настанот објавени на Facebook профилот на M3DS Academy:

Победниците се:

Прво место

Тим ТЕЛЕТАБИСИ 

Тим GAMING ВО ТЕГЛА 

Второ место

Тим STELLAR

Трето место

Тим Will Code For Rakija

Најдобра runner игра: Марио Митревски

Најдобра индивидуална игра: Сашо Коцевски

Најдобра shooter игра: Тим The Basement

Најмлад учесник на настанот: Давид Димитров

 А на сајтот на M3DS Академијата има детален текст за настанот.

Во врска со наградите и тековни настани еве што велат од M3DS Academy :

“Дополнително секој учесник добива на подарок M3DS маичка како и сертификат за учество, а организаторите на настанот Флорина Џингова и Стефан Митров ги изненадија сите на финалето, при што прогласија дека секој учесник ќе добие и стипендија како првото место, како мотивација и награда за нивниот труд што го вложија во изминатите 7 дена.

Во наредните денови ќе се одржи гласањето за PEOPLE CHOICE наградата на Facebook страницата на М3ДС Академијата, кое ќе трае до наредната среда на 10 Ноември 2021.

Победникот на PEOPLE’S CHOICE  ќе добие награда 3Д печатач ENDER 3 V2, затоа ве молиме да гласате со вашиот like на facebook и да го поддржите вашиот омилен тим или индивидуалец. “

”Честитки до сите учесници и нестрпливо чекаме да се видиме во наредна прилика на следен креативен и едукативен настан ♥” -порачуваат од М3DS Academy.