Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

На состанокот беа споделени и најдобрите практики за меѓукултурниот дијалог преку билатерални и мултилатерални соработки, а се дискутираше и за зајакнување на улогата и можностите кои ги дава културата особено во процесот на проширување

-

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан.

На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт Марта Кос и Глен Микалеф беа разменети мислења и ставови за улогата на културата, меѓународните културни проекти вклучително и европските престолнини на културата во функција на одржливиот развој.

Министерот Љутков во своето обраќање потенцираше дека културата и одржливиот развој се една од назначајните теми на современата културна политика.

„Културата е моќен двигател за позитивни промени во нашите општества и економии, а нејзиниот потенцијал има особено влијание на унапредувањето на одржливиот развој. . Во светот што се соочува со предизвици на климатски промени, економска нееднаквост и социјална поларизација, културата се јавува како мост што ги поврзува економските, социјалните и еколошките аспекти на развојот на секоја држава“, рече Љутков.

Во контекс на Европските престолнини на културата пак, Љутков, истакна дека нивниот избор во овие 40 години прерасна во една од најамбициозните културни иницијативи на Европа.

„Титулата Европска престолнина на културата е можеби една од најдобрите можности за збогатување на нашата културна сцена, како и за создавање трајни ефекти на економски, социјален и еколошки план. Активностите во овој процес ја стимулираат и поддржуваат мобилноста на уметниците и размената на знаења и искуства на културните професионалци“, рече Љутков.

На состанокот беа споделени и најдобрите практики за меѓукултурниот дијалог преку билатерални и мултилатерални соработки, а се дискутираше и за зајакнување на улогата и можностите кои ги дава културата особено во процесот на проширување.

„Нашата земја, како дел од глобалната културна мрежа, активно учествува во различни меѓународни културни иницијативи и програми за размена на уметници и културни работници. Со нивна помош, нашите уметници имаат можност да покажат свои дела на светската сцена и да ги збогатат своите искуства, но исто така и да научат од другите култури, што е одличен начин за создавање на силни и долготрајни културни врски“, рече Љутков.

Во рамки на престојот во Словенија министерот Зоран Љутков, денеска, во организација на Македонското културно друштво „Охридски бисери“ од Нова Горица, ја посети изложбата на Боре Митовски „Во облаци“ поставена во реновираната галерија „Стопа“, а во текот на вчерашниот ден го проследи и свеченото отворање на „Еврпска престолнина на културата 2025!Нова Горица/Гориција“.

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...