Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Ле Риголер изразил поддршка за активностите на Јавното обвинителство, нагласувајќи дека правосудниот систем е клучна област за владеење на правото и секогаш е предмет на интерес од перспектива на членството на земјата во Европската унија

-

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка за реформите во правосудниот сектор воопшто.

Коцевски детално го запознал амбасадорот Ле Риголер со предизвиците особено во однос на кадровски и финансиски услови со кои се соочува Јавното обвинителство, како и со преземените активности за јакнење на транспарентноста и довербата во институцијата.

„За Јавното обвинителство на Република Северна Македонија меѓународната соработка е висок приоритет, а во тие рамки соработката со Република Франција се истакнува како исклучително важна. За нас и за вкупниот правен систем на Република Северна Македонија, особено вредно е богатото искуство што на експертско ниво може да го понуди правниот систем на Република Франција“, рече Коцевски.

Ле Риголер изразил поддршка за активностите на Јавното обвинителство, нагласувајќи дека правосудниот систем е клучна област за владеење на правото и секогаш е предмет на интерес од перспектива на членството на земјата во Европската унија.

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје, кој има...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје,...