И откажи се од тој бизнис со Старлинк во Украина, напиша Медведев.

Воедно и Маск се впушти во бизарен разговор на Твитер со Медведев.

Откако Медведев на Твитер објави: „Збогум Лиз Трaс, честитки за салатата“, алудирајќи на оставката на британската премиерка, чие владеење во Британија се споредуваше со времетраење на главица зелена салата, Маск одговори: „Доволно добро тролање, да бидам искрен“. На тоа, Медведев возврати: „Се гледаме во Москва на Денот на победата“.

Македонските медиуми ја пренесоа и последната изјава на Медведев (15.11.2022) на Телеграм, кој го коментираше гласањето во Обединетите Нации за резолуцијата со која се бара воспоставување механизам за Русија да ѝ плати воена отштета на Украина. ОН: Русија да плати репарации на Украина, Медведев бара САД да ѝ платат на Србија, гласи само еден од насловите пренесени во македонските медиуми.

Откако донесе резолуција Русија да ѝ плати отштета на Украина, Генералното собрание на Обединетите нации сега треба да ги повика САД да им платат отштета на Кореја, Виетнам, Ирак, Југославија и други земји, напиша Медведев на Телеграм.

Во земјава на социјалните мрежи се споделуваат и тврдења на Медведев кои тој ги споделува на руската социјална мрежа Vk.com, а Вистиномер веќе има дебанкирано дел од нив.

Кога Димитри Медведев стана претседател на Русија во 2008 година, тој беше првиот лидер на земјата во последните децении без познати врски ниту со поранешната Советска Комунистичка партија ниту пак со тајните служби.

Сепак, Медведев – квалификуван адвокат – беше исклучително близок со неговиот претходник Владимир Путин, поранешен агент на КГБ. Тој водеше кампања како штитеник на Путин и се врза за неговата политика веднаш штом победи на изборите во 2007 година.