fbpx

Лозарите ќе блокираат патишта поради неисплата на грозјето

-

Лозарите од Неготино и од Кавадарци ќе ги блокираат регионалните патишта в понеделник поради неисплата на нивниот род од визбата „Повардарие“, пишува порталот „Дума“.

Тие побарале помош од надлежните институции, бидејќи се загрозувал откупот на грозјето од идната реколта, но и нивната егзистенција.

Лозарите додаваат дека се наближува нова берба, а сè уште има лозари кои не можат да си го наплатат старото грозје од винарниците.

За да го свртат вниманието на јавноста и на институциите, најавуваат масовни блокади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДЕБАТА: Институциите треба да работат со невладините и компаниите во борбата против корупцијата

Соработката помеѓу институциите, невладините организации и бизнис секторот треба да се засили за да се постигне успех во борбата против корупцијата во земјава. Ова беше потенцирано од учесниците на...