fbpx

Лондон: Бомба најверојатно го урнала рускиот авион

-

Рускиот авион што викендов се урна во Египет можеби го урнала експлозивна направа, објавија од канцеларијата на британскиот премиер. „Истрагата сè уште е во тек и не можеме категорично да тврдиме зошто се урнал рускиот авион. Но, како што се откриваат сè поголем број информации, така сè повеќе се зголемува загриженоста дека авионот навистина бил урнат од експлозивна направа“, стои во соопштението од Даунинг стрит.

„Британската влада одлучи да ги одложи сите летови што од Шарм ел Шеик требало да полетаат кон Велика Британија, сè додека тим на британски воздухопловни експерти, кој е на пат кон египетското туристичко летувалиште, не ги процени безбедносните услови на аеродромот. Нагласуваме дека ова се мерки на претпазливост и оти за сето тоа тесно соработуваме со авиопревозниците“, се додава во владиното соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...