Љуљзим Исмаили за Порталб: Работете и дајте го максимумот, уверен сум дека така ќе постигнете успех

Фото: Порталб

Уште пред 10 години почнав да се занимавам со бокс бидејќи беше единствениот спорт што ми ја исцрпуваше енергијата што ја имав како дете и оттогаш имам стекнато многу искуства како еден од најистакнатите спортисти во С. Македонија преку учество во разни европски и меѓународни турнири, вели боксерот Љуљзим Исмаили во неговото интервју за Порталб.

Исмаили има постигнато бројни победи и се надева да ги достигне највисоките врвови во овој спорт. Иако според него, спортот во РСМ не се цени колку што треба, тој сепак се надева дека со работа ќе стигне каде што треба и ќе има успех. Неговиот следен меч ќе биде на 27 овој месец и ќе се одржи во Пеќ во Косово.

Неговата порака за младите е да се занимаваат со спорт, да работат и да дадат максимум бидејќи верува дека со работа се постигнува успех.

Кога започнавте да се занимавате со бокс и зошто се определивте токму за овој спорт?

Со бокс почнав да се занимавам од 10 годишна возраст, а го избрав токму овој спорт бидејќи можам да кажам дека е единствениот спорт што ми помагаше да ја ослободам енергијата што ја имав како дете.

Што може да кажете за Вашите искуства во овој спорт, дали сте учествувале на светски натпревари и дали сте постигнале некоја победа?

Што се однесува до искуството, имам големо искуство бидејќи јас бев еден од најистакнатите спортисти во Северна Македонија. Имав мечеви на разни
европски турнири, мечови на домашен терен, како и меѓународни турнири. Се разбира, сум имал и бројни победи, а сум бил прогласен и за најдобар боксер на некои турнири.

Овој месец ќе имате друга борба, каде ќе биде одржана и дали мислите дека сте доволно подготвени за овој дуел?

Точно, на 27 овој месец ќе биде мојот следен професионален бокс меч, во Косово, поточно во Пеќ, а што се однесува до подготовката, максимално сум подготвен за овој меч и мислам дека ќе биде и следна победа во мојата кариера.

Според Вас, дали во РСМ се цени боксот како спорт и дали мислите дека ќе стигнете подалеку што се однесува до оваа област?

Сметам дека не се цени колку што треба, но со работа и се разбира со нашите успеси секако дека ќе дојде денот кога ќе ги надминеме сите предизвици и сметам дека многу наскоро ќе бидеме на врвот, таму каде што е фокусот на секој боксер со некоја титула.

За сите млади што може да ги интересира, дали боксот е спорт со високи приходи?

Можам да кажам дека е, бидејќи најплатениот спортист е токму Флојд Мејведер.

Каква порака ќе им пренесете на младите?

Младите да се занимаваат со спорт и да го дадат својот максимум во тренинзите. Убеден сум дека со работа ќе се постигне успех.