fbpx

Лиз Трас си поднесе оставка и стана британска премиерка со најкраток стаж

-

По само 45 денови на функцијата, Лиз Трас си поднесе оставка како премиерка на Обединетото Кралство, јави Би-Би-Си.

Пратениците од Конзервативната партија, чија лидерка е Трас, претходно ја повикаа британската премиерка да си замине откако нејзината влада ја зафатија низа политички превирања, при што беа откажани повеќето нејзини економски политики.

Во краткиот говор пред Даунинг стринг бр. 10, Трас денеска рече дека Конзервативната партија ја избрала со мандат да ги намали даноците и да го поттикне економскиот раст. Но, со оглед на случувањата, Трас изјави дека признава оти не може да го испорача мандатот за кој била избрана.

Осврнувајќи се кон нејзиниот избор за премиерка, Трас додаде дека стапила на функција во време на голема економска и меѓународна нестабилност, додека беснее војна во Украина, а трошоците за живот вртоглаво растат.

Повлекувањето на Трас следи по вчерашните драматични сцени во Долниот дом. За време на испрашувањето пред парламентарците, Трас порача дека е „борец, а не откажувач“, откако лидерот на лабуристите ја праша зошто не си поднесе оставка.

Оставката на Трас доаѓа во период на политички и економски турбуленции што ја принудија нејзината влада да ги отфрли даночните намалувања, што пак ги доведе финансиските пазари во „ќор-сокак“.

Проблемите за британската премиерка започнаа кога нејзиниот прв канцелар, Кваси Квартенг ги заплаши финансиските пазари со својот мини-буџет на 23 септември. Оттогаш, вознемиреноста меѓу конзервативците се претвори во широко распространет гнев во оваа партија.

Лиз Трас ќе остане премиерка на Обединетото Кралство додека нејзиниот наследник официјално не ја преземе функцијата лидер на Конзервативната партија и не биде назначен за премиер од британскиот крал Чарлс Трети.

Во моментот кога ќе се повлече, Трас ќе стане премиерка со најкраток стаж во историјата на Обединетото Кралство.

Лидерот на лабуристите, Сер Кир Стармер повика на итни општи избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...