fbpx

Лицето што пукаше во Капиштец, пронајдено мртво во станот

-

Лицето што попладнево, околу 13.20 часот, пукало од својот балкон на улицата Народен фронт, во населбата Капиштец, најверојатно се самоубило, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека сè уште се врши увид, а засега се знае дека лицето е пронајдено мртво во станот.

Дел од медиумите неофицијално пренесуваат дека лицето што пукало, наводно, е еден од 56-мина аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Извори на „Мета“ неофицијално велат дека лицето чие безживотно тело било пронајдено во станот се вика Коста. Од лицата што ги аболираше претседателот, единствен со вакво име е сопственкот на порталот „Нетпрес“, Коста Крпач.

Од МВР за „Мета“ информираат дека лицето било пронајдено со прострелна рана во градниот кош. Покрај телото било пронајдено и оружјето со кое најверојатно било пукано.

Денеска попладне граѓани пријавиле пукање од огнено оружје во центарот на Скопје. Полициските екипи што излегле на терен, констатирале дека во пукањето било оштетено комби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...