Пешак почина откако вчера бил удрен од товарно возило на регионалниот пат Прилеп-Градско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на 11 мај во 18:05 часот во ОВР Кавадарци. На регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка и со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот Р.Ј. од Кавадарци, удрило во 89-годишниот пешак К.Ѓ. од општина Росоман.

Од здобиените повреди, пешакот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Судска медицина за обдукција. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци.

По насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. бил лишен од слобода. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.