На тераса од трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје утрово било пронајдено телото на оперативниот директор на телевизијата Алсат, Лирим Хајредини. Во МВР било пријавено дека пред зграда на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди.

„Денеска околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л.Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот“, пишува во соопштението од МВР.