fbpx

Лига на шампиони: Ливерпул ќе се бори за реванш и за чудо против Реал Мадрид

-

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид, вечерва на „Сантјаго Бернабеу“ го дочекува тимот на Ливерпул, со силна верба дека ќе извојува победа и ќе обезбеди пласман во осмина-финалето од годинешната сезона на Лигата на шампионите.

Избраниците на Карло Анчелоти во последните 11 меча имаат исто толку победи и според она што го прикажуваат не теренот, тешко дека некој може да ги запре. Од друга страна, Ливерпул заостанува 12 бода зад лидерот во Премиерлигата, Челзи, откако во последното коло минатиот викенд загуби од Њукасл.

Вечерашниот дуел меѓу Реал Мадрид и Ливерпул е втор во групната фаза од ЛШ. Во првото одмерување на силите на меѓу двата тима на „Енфилд“, Ливерпул доживеа дебакл, а сите три гола за Реал Мадрид беа постигнати во првото полувреме.
– Во одлична форма сме, што се гледа по резултатите, и се надевам дека на крајот од сезонава ќе го кренеме најважниот трофеј, како што сторивме и минатата сезона. Имаме добри млади играчи и поискусни момци, кои им помагаат на младите. Ги имаме сите потребни состојки за да освојуваме големи трофеи. Овој тим почна да се создава од минатата сезона, кога ги освоивме ЛШ и Kралскиот куп. Некои важни играчи заминаа, но други важни ни се придружија. Новите играчи одлично се покажуваат и имаме позитивни резултати – изјавил Икер Касилјас.

Kристијано Роналдо, кој ќе го предводи нападот на Реал Мадрид, минатиот викенд постигна уште еден рекорд во Примера, односно стана прв играч што постигнал осум гола во низа во најсилната шпанска лига, а зад своето име веќе има нанижано 50 погодоци во оваа календарска година.

Ливерпул, пак, е пред големо искушение и ќе треба да приреди вистинско чудо на „Сантијаго Бернабеу“ доколку сака да се искачи на табелата во групата, каде моментално се наоѓа на третото место и има ист број бодови со Лудогорец и со Базел.

– Работевме напорно неколку години да дојдеме до ова ниво. Да се игра со Реал на „Бернабеу“ е прекрасно за нас, затоа што сè уште имаме шанса да се квалификуваме во нокаут-фазата. Знаеме дека наш противник е најдобриот тим на светот – изјавил тренерот на Ливерпул, Брендон Роџерс.

Ливерпул ќе игра без напаѓачот Дениел Стариџ, а најверојатно од тимот ќе отсуствува и Мамаду Сако, обајцата поради повреди.

Во останатите мечеви од ЛШ денеска играат:

Група А:

Малме – Атлетико Мадрид

Јувентус – Олимпијакос

Табела: Олимпијакос 6, Атлетико 6, Јувентус 3, Малме 3

Група Б:

Базел – Лудогорец

Реал – Ливерпул

Табела: Реал 6, Лудогорец 3, Ливерпул 3, Базел 3

Група Ц:

Зенит – Баер Леверкузен

Бенфика – Монако

Табела: Баер 6, Монако 5, Зенит 4, Бенфика 1

Група Д:

Арсенал – Андерлехт

Борусија Дортмунд – Галатасарај

Табела: Борусија 9, Арсенал 6, Андерлехт 1, Галатасарај 1

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...