fbpx

„Лидл“ сè уште нема продавница кај нас и не доделува подароци

-

Германскиот трговски синџир „Лидл“ лани во февруари ја регистрираше својата компанија во С. Македонија, којашто ќе биде управувана од бугарската филијала, но досега тука нема отворено маркет. „Лидл“ нема ниту официјална Фејсбук страница во земјава, а постот за наводната наградна игра постои само на оваа сомнителна фан страница која е регистрирана неодамна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на Фејсбук преку невистинит текст ветува доделување подароци од „Лидл“ маркетите, при што ги манипулира и дезинформира корисниците на социјалната мрежа со цел да прибере нивни лични податоци.

Во објавата се вели:

За да го прославиме 91-от роденден на @LIDL, испраќаме 500 специјални кеси за подарок на сите што ќе им посакаат „Среќен роденден“ пред 10 јануари 2023 година. Среќно!

Објавата за оваа наводна наградна игра е лажна и истата е доста вирална со стотици интеракции (споделувања, коментари и допаѓања) во моментот на пишувањето на оваа рецензија. За наводната наградна игра да изгледа поверодостојно, креирана е фан страница каде што е злоупотребено името и логото на „Лидл“. Ова е лажна страница, а не е официјална страница на „Лидл“ на Фејсбук, иако носи исто име.

Постот користи и фотографии од Лидл маркетите, мамејќи ги корисниците на Фејсбук дека ќе добијат подароци.

„Лидл“ сè уште нема отворено продавница во Македонија, иако вакви најави има уште од февруари 2021 година.  Германскиот трговски синџир „Лидл“ лани во февруари ја регистрираше својата компанија во С. Македонија, којашто ќе биде управувана од бугарската филијала.

Една од најголемите компании во малопродажбата во светот ја регистрираше подружницата „Лидл“ Северна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, објави тогаш Централниот регистар.

По ова, имаше најави дека „Лидл“ ќе отвори продавница во Штип, па потоа се зборуваше дека ќе отвори во Охрид и во Ист Гејт Мол, но досега такво нешто не е реализирано. Како што објави Вработување.мк, Македонија не е на листата на земји во кои се планирало до крајот на 2022 година да се отвори продавница на синџирот маркети „Лидл“.

На Фејсбук може да се најдат официјални страници на „Лидл“ Бугарија, „Лидл“ Хрватска, „Лидл„ Грција, „Лидл“ Србија, но нема официјална страница на „Лидл“ С. Македонија.

Имајќи предвид дека „Лидл“ сè уште нема отворено продавница Македонија, па не ни може „да го започне првиот ден од 2023 година со специјално изненадување“ за потрошувачите. Нема ниту официјална Фејсбук страница во земјава каде што би се нашла таква објава. А постот за наводната наградна игра постои само на оваа сомнителна фан страница која е регистрирана неодамна.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека постот што го рецензираме е невистинит. Станува збор за лажна  наградна игра во која се злоупотребени брендот, логото и името на Лидл со цел да се соберат лични податоци од корисниците на Фејсбук.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...