Лидерот на Хамас, Јахја Синвар е убиен во ненадејна средба со израелските сили

Нетанјаху изјави дека смртта на организаторот на нападот на 7 октомври што ја предизвика војната во Газа е „почеток на крајот“ на војната

-

Лидерот на Хамас, „Јахја Синвар“, беше убиен од израелските сили со што заврши едногодишната потрага по организаторот на нападот врз Израел што се случи на 7 октомври што ја предизвика војната во Газа.

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, ги потврди извештаите во порака испратена до колегите ширум светот. Израелските одбранбени сили соопштија речиси веднаш по изјавата на Кац што ја објавија израелските медиуми, дека Синвар е „елиминиран“, пишува Гардијан.

Неговата смрт е голем поттик за израелската војска и премиерот „Бенјамин Нетанјаху“, како последен во низата атентати од висок профил на непријателски водачи во последните месеци.

Во телевизиска изјава, Нетанјаху изјави дека „денес ја решивме пресметката“, опишувајќи ја смртта на Синвар како „почеток на крајот“ на војната.

„Денес покажавме дека сите оние кои се обидуваат да ни наштетат, тоа им се случува“, рече тој. „И како силите на доброто секогаш можат да ги победат силите на злото и темнината. Војната сè уште трае и е скапа“, додаде тој.

Обраќајќи им се на израелските граѓани, Нетанјаху рече дека „има многу предизвици пред нас“ и дека државата мора „да стои цврсто на нашата земја и да продолжи да се бори“. Израел ќе продолжи со „сите наши сили“ да ги враќа дома заложниците кои сè уште се држат во Газа, додаде тој.

Израелските сили вчера попладне соопштија дека проверуваат дали Синвар е еден од тројцата милитанти убиени во истиот инцидент. Подоцна потврдија дека лидерот на Хамас бил „елиминиран“, наводно во Тел Султан, населба на најјужниот град во Газа, Рафа, во средата.

Фото: Скриншот од Дрон снимка од последните моменти на Јахја Синњар Лидерот на Хамас, извор: ИДФ

Израелското радио Кан објави дека лидерот на Хамас бил убиен „случајно“, а не како резултат на собирање разузнавачки информации. Станицата исто така соопшти дека телата биле пронајдени со пари, оружје и лажни лични карти.

Самиот Хамас не даде никаков коментар, но извори во групата рекоа дека индициите што ги виделе укажуваат на тоа дека Синвар навистина бил убиен од израелски трупи.

„Десетици операции извршени од изралеските сили во текот на минатата година, а во последните недели во областа каде што беше елиминиран, го ограничија оперативното движење на Јахја Синвар додека беше следен од силите и доведоа до негова елиминација“, се вели во соопштението на израелската војска.

Во последните месеци од својот живот, Синвар, главниот архитект на нападот на Израел од 7 октомври 2023 година, кој ја започна војната во Газа, се чини дека престанал да користи телефони и друга комуникациска опрема што би им овозможила на моќните израелски разузнавачки служби да му влезат во трага.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...