fbpx

Лидерката на крајната десница, Џорџа Мелони, победи на изборите во Италија

-

Џорџа Мелони, лидерката на крајната десница во Италија, прогласи победа на вчерашните парламентарни избори во земјата. Таа се очекува да биде првата жена премиерка во историсјата на земјата. Ќе треба да ја формира најдесничарската влада уште од Втората светска војна, пренесе Би-би-си.

Мелони и нејзината партија „Браќа на Италија“ освоија најмногу гласови, а таа кажа дека „ќе владее во интерес на граѓаните, и нема да ја изневери довербата на народот“.

„Со дадениот мандат да ја водиме нацијата, тоа ќе го правиме  во интерес на сите Италијанци, со цел да го обединиме народот, да го форсираме заедништвото, а не поделбите, довербата на избирачите нема да биде злоупотребена“, изјави Мелони.

„Браќа на Италија“ освои 26 отсто од гласовите, додека Демократската партија заврши на второто место. Но, десничарската алијанса на Мелони, во која се „Лига“ на Матео Салвини и „Форца Италија“ на Силвио Берлускони, ќе има контрола на парламентот со вкупно 44 отсто гласови.

Драматичниот успех на нејзината партија во гласањето го прикрива фактот дека нејзините сојузници имаа слаби резултати, при што партијата на Салвини падна под 9 отсто, а Форца Италија уште пониско. Пред четири години, Браќата на Италија освоија малку повеќе од 4 отсто од гласовите, но овој пат имаа корист од тоа што останаа надвор од владата на национално единство која пропадна во јули.

Одлуката за тоа кој ќе биде иден лидер на Италија е на претседателот Серџо Матарела, а за тоа ќе биде потребно време.

Иако Џорџија Мелони работеше напорно за да го ублажи својот имиџ, нагласувајќи ја нејзината поддршка за Украина и разблажувајќи ја анти-ЕУ реториката, таа ја предводи партијата вкоренета во повоеното движење што се појави од фашистите на диктаторот Бенито Мусолини.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Premium WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
free download udemy course
download coolpad firmware
Free Download WordPress Themes
free download udemy course