Лидерите на Г-20 ќе решаваат колку пари ќе има за надминување на климатските промени

На Самитот на ООН, што годинава се одржува во Баку, е заклучено дека на земјите во развој им требаат најмалку еден трилион долари годишно до крајот на деценијата за да се справат со климатските промени

-

Дипломатските тензии околу глобалното затоплување ќе заземат централно место на самитот на Г-20 во Бразил, бидејќи претходно, преговарачите на Самитот на ОН во Азербејџан се најдоа во ќорсокак околу прашањето за финансирање на последиците од климатските промени, јавува Ројтерс. Шефовите на држави на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро првите два дена ќе ги поминат во решавање на прашањата за сиромаштијата и гладот и реформите на глобалните институции. Сепак, актуелните разговори за климата од КОП 29 го свртеа вниманието кон справувањето со глобалното затоплување.

На Самитот на ООН, што годинава се одржува во Баку, е заклучено дека на земјите во развој им требаат најмалку еден трилион долари годишно до крајот на деценијата за да се справат со климатските промени. Успехот на овогодинешниот КОП зависи од тоа дали земјите можат да се договорат за нова финансиска цел која побогатите земји, заемодавците за развој и приватниот сектор ќе ја испорачуваат секоја година. Многу земји рекоа дека парите се од суштинско значење за нивното поставување амбициозни климатски цели пред КОП 30 следната година во Бразил. Победата на Доналд Трамп ја доведе во прашање идната улога на Соединетите Држави во разговорите за климата, а тензиите меѓу развиените и земјите во развој испливаа на површина на главните сцени и во просториите за преговори.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...