fbpx

ЛГБТИ-заедница: Под закана се нашите животи, а не бракот

-

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ) одржа протест пред просториите на Основното јавно обвинителство во Скопје за да го насочи вниманието на јавноста кон нееднаквиот пристап на правда, особено за луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет.

„Владата, наместо да презема активности кон спречување на хомофобичното и трансфобичното насилство и дискриминација, како што и меѓудругото се обврзала во низа меѓународни инструменти, со уставниот амандман XXXIII дополнително ја поттикнува и ја одобрува дискриминацијата кон ЛГБТИ-заедницата“, велат од НМХТ.

Оттаму отворено ги прашуваат Владата и Собранието кој е под закана? Дали тоа е бракот како институција, кој е загарантиран со закони и со подзаконски акти, или тоа се ЛГБТИ-луѓето кои секојдневно живеат во постојан страв од насилство и во услови на неказнивост на насилниците? Дали бракот е тој кој е маргинализиран, кој како институција е заштитен не во еден, туку во два закони (Законот за семејство и Законот за спречување и заштита од дискриминација) или маргинализирани се ЛГБТИ-луѓето кои, практично, не постојат пред законите?

„Поминаа повеќе од две години од првиот напад на ЛГБТИ-центарот за поддршка, а сторителите уште не се најдени. Не се најдени ни сторителите на низата други напади на ЛГБТИ-центарот за поддршка и на активисти, ниту, пак, се најдени напаѓачите на кафе-барот „Дамар“. За ниту еден од овие случаи, ниту, пак, за случаите на хомофобичен говор на омраза, Јавното обвинителство досега не презело соодветни мерки. Маргинализацијата и деинституционализацијата на бракот е нереална, а насилството врз ЛГБТИ-лицата е повеќе од реално“, велат од НМХТ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...