Левица: Приведувањето на Савески е обид сите да нè исплашат

-

Приведувањето на Здравко Савески, член на президиумот на партијата Левица, е отворен прогон на членовите на партијата, кој доаѓа по најавите на некои од провладините движења за забрана и за укинување на политички партии и на граѓански здруженија, рекоа од Левица на денешната прес-конференција пред Кривичниот суд во Скопје.

Од партијата велат дека Савески е сè уште во полициската станица Пролет во Кисела Вода, каде утрово бил повикан на информативен разговор, а потоа и задржан поради, како што неофицијално дознаваат од партијата, учество во толпа.

Според нивните информации, Савески во секој момент треба да биде донесен пред судија на претходна постапка, а шпекулациите велат дека Јавното обвинителство ќе бара и одредување на мерка притвор.

– Ние најостро го осудуваме овој отворен политички прогон на нашите членови. Уште четворица членови на Левица имаат покани да се појават на информативен разговор. Наша препорака е тие да не одговараат на ваквите покани и да не одат во полициска станица поради опасност да бидат уапсени. Ги повикуваме министерот и заменик-министерот за внатрешни работи да ги евидентираат, но да не ги процесуираат овие кривични пријави – изјави Димитар Апасиев. Од Левица упатија уште две барања, едното до Јавно обвинителство да не бара притвор, а другото до судијата на претходна постапка кај кој ќе се паднат овие предмети, да не одредува мерка притвор и да го остави процесот да си тече без никакви притисоци.

Од партијата и од граѓанската инцијатива „Протестирам“ рекоа дека ова е обид да се исплашат луѓето што протестираат против одлуката за аболиција од претседателот Иванов.

Тие порачаа дека нема да потклекнат на ваквите закани и притисоци и ги повикаа граѓаните уште помасовно да излезат на протестите кои веќе две недели се случуваат во главниот и во други градови во земјата.

Од МВР потврдуваат дека Савески бил повикан на информативен разговор во полициска станица во врска со случувањата пред народната канцеларија на претседателот Иванов од првиот протест на 12 април. Професорот Савески сам се јавил на поканата, а покрај него денеска во 14 часот на разговор било повикано уште едно лице. Од МВР велат дека по завршувањето на информативниот разговор ќе се знае дали против Савески ќе биде поднесена кривична пријава.

Од Основното јавно обвинителство Скопје за „Академик“ соопштиле дека надлежен јавен обвинител бил известен дека едно лице било повикано во полициска станица во врска со протестите. Засега нема информации дали и кога тоа лице ќе биде сослушано од јавниот обвинител.

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во ОУ „Лазо...

Поднесено обвинение против четири лица за предизвикување омраза

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното...

„Орешник“ и изборот на Трамп главни теми на (дез)информациите со недели

Сè започна со дозволата за употреба на класичните ракети со долг дострел што на Украина и ги доставуваат САД и Франција и Велика Британија. За ова медиумите масовно известуваа во почетокот...

Трамп го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути

Доналд Трамп го назначи поранешниот оперативен директор на „Пејпал“, Давид Сакс, да биде советник за вештачка интелигенција и криптовалути, продолжувајќи ја традицијата на наградување на големи донатори со политичка моќ, пренесува...

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во...