fbpx

Левица порача: Треба да се слушне гласот на сиромашните, работниците и обесправените

-

Носителот на изборната листа на Левица во втората изборна единица, Трајче Стојанов, заедо со кандидатите за пратеници од партијата денеска во Куманово на прес-конференција ја презентираа изборната програмата на партијата за предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември.

Стојанов рече дека членовите на Левица се луѓе кои созреале во суровите транзициски услови во изминативе 25 години, но и луѓе кои најдиректно биле погодени од транзицијата.

– Од една страна имаме млади момчиња и девојки кои се пораснати на улиците во протестните движења, од друга страна прва генерација на луѓе кои директно ги почувствувале неправдите на ова општество. Тој спој на луѓе кои биле маргинализирани, обесправени и млади образовани кои учеле низ тој болен процес на транзиција се споија и за прв пат, можеби на некој начин граѓаните на Македонија имаат можност да бидат артикулирани нивните ставови, ставови токму на обесправените, маргинирализираните, на работниците, на сиромашните – рече Стојанов, додавајќи дека Левица е гласот на сиромашните, работниците и обесправените.

Тој рече дека се убедени оти ќе влезат во парламентот и оти така директно ќе сесе слушне гласот на обесправените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...