fbpx

Левица ќе предложи укинување на привилегиите на функционерите

-

Партијата Левица ќе предложи укинување на привилегиите на функционерите и ќе предложи платата на пратениците да се намали за 500 евра, соопшти денеска членот на президиумот на партијата, Димитар Апасиев.

– Нашите пратеници по 11 декември, кога Левица ќе стане парламентарна партија, првиот закон кој ќе го предложат е укинување на бенефициите и привилегиите на јавно избраните и именувани функционери, особено на пратениците. Планираме да предложиме нивната плата да се скрати за најмалку 500 евра. Сакаме да дадеме до знаење дека јавните функции се должност, а не се привилегија за сплеткарење и за крадење на граѓаните преку патни трошоци. Како една од реформите што ги предлагаме е и намалување на бројот на пратениците од 120 на 100 или на 80 – вели Апасиев.

На прес-конференција во Битола, кандидатка за пратеник од Левица во изборната единица 5, Ивана Атанасовска, рече дека партијата ќе застане против експлоатацијата во приватниот сектор.

– Во приватниот сектор многу работници работат пријавени на половина работно време, притоа работат осум часа, не добиваат К15 и им се прекршува правото на годишен одмор. Ние постоиме за тоа да го промениме, бидејќи на своја кожа сме го почувствувале кршењето на работничките права – рече Атанасовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...