„Летување во време на пандемија“, еве што мислат младите низ државата

Младите сe sо поделени мислења на темата „Летување во време на пандемија“. Порталб.мк разговараше со студенти од различни градови во Северна Македонија што мислат за летни одмори, дали се за или против. Ова е мислењето на студентите од Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Скопје и Куманово.

Дали сте биле или размислувате да одите некаде на летување?

Шпреса Д. студентка од Струга / Фото: Порталб.мк

Ова лето не сум била и не ни помислувам да одам некаде на одмор, се знае причината,
поради ситуацијата во која се наоѓаме. Најмногу ми е страв да не се разболам. Стравот да не им се случи на членовите на моето семејство ми ја „уби“ желбата да одам на летување.

Дали сте за или против летување во ова време на пандемија во кое се наоѓаме сега?

Сите ние треба да бидеме свесни во каква состојба се наоѓаме, ако сме свесни, тогаш разбираме дека со летувањето во ова време на пандемија доброволно преземаме ризик. Јас сум против летување и сметам дека треба да покажаме грижа за себе и за другите, за следното лето да имаме мирни одмори без страв.

Дали сте биле или размислувате да одите некаде на летување?

Сè уште не сум бил и размислувам да не одам десетневно летување, туку заради

Лирим М. студент од Кичево / Фото: Порталб.мк

моменталната состојба да ги користам викендите.

Дали сте за или против летување во ова време на пандемија во кое се наоѓаме сега?

Јас сум за одмор, но на помалку денови и не како претходните години по 10 дена и тоа поради две причини. На тој начин има минимални контакти со други луѓе, како и од финансиски причини со оглед на состојбата и злоупотребата од туристичките дестинации со зголемување на цените над нормалното.

Дали сте биле или размислувате да одите некаде на летување?

Артина Ќ. студентка од Гостивар / Фото: Порталб.мк

И покрај пандемијата повеќето луѓе не се откажаа од летување. Некои мои пријатели рекоа дека ќе најдат паметни решенија за одмор летово. Иако тие ќе бидат малку поразлични, со повеќе хигиенски мерки или социјална дистанца тие беа оптимисти дека ќе најдат алтернатива. Јас ниту сум била, ниту размислувам да одам некаде на летување оваа година.

Дали сте за или против летување во ова време на пандемија во кое се наоѓаме сега?

Јас сум против летување за време на пандемија, затоа што на овој начин не ги почитуваме мерките за заштита, а бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува секој ден.

Дали сте биле или размислувате да одите некаде на летување?

Не, не сум бил никаде на летување, но во најскоро време се надевам дека ќе отидам. Секој од нас сега треба да се релаксира.

Арбен Х. студент од Тетово / Фото: Порталб.мк

Дали сте за или против летување во ова време на пандемија во кое се наоѓаме сега?

Јас сум ЗА летен одмор, ако го земеме од гледна точка на ковид-19, дури и во градовите кафулињата секој ден се полни со луѓе од различна возраст, особено со млади, и таму може да се заразите без разлика дали сте на одмор, на море или не. Од друга страна пак, сончевите зраци се потребни за борба против овој вирус, затоа мислам дека одморот не претставува никаков проблем. Верувам дека летувањето овозможуваат свежина, забава и сончеви зраци. Многу луѓе ќе почувствуваат релаксација, како физичка така и психичка, со оглед на фактот дека целата оваа ситуација беше тешка.

Дали сте биле или размислувате да одите некаде на летување?

Да, бев на летување за време на пандемија во Албанија.

Дали сте за или против летување во ова време на пандемија во кое се наоѓаме сега?

Блерта З. студентка од Скопје / Фото: Порталб.мк

Искрено, бев во дилема дали да одам на летување во оваа ситуација во која се наоѓаме. Но, сега откако бев, сум за да се оди на летен одмор, но мора да внимаваме и да ги почитуваме предвидените правила. Мислам дека Државниот инспекторат и Државната полиција треба повеќе да го следат почитувањето на анти-ковид протоколите. Стравот од ширење на зараза кај луѓето постои и во голема мерка ги стопираше туристи од двонеделниот карантин. Значи, јас сум за да се оди на летување, но уште еднаш истакнувам дека мора да се почитува растојанието, хигиената, контактот со луѓе и другите предвидени мерки.

Дали сте биле или размислувате да одите некаде на летување?

Линда И. студентка од Куманово / Фото: Порталб.мк

Да, бев во Албанија.

Дали сте за или против летување во ова време на пандемија во кое се наоѓаме сега?

Искрено, не сум против тоа, причината е што доколку беше премногу опасно тие ќе го стопираа или ќе беше барем ограничено. Јас за себе немав никакви пречки, сè беше како и претходно, само немаше многу туристи.

Во меѓувреме, истата тема беше дискутирана на Инстаграм профилот на Порталб.мк каде 69 отсто од корисниците се изјаснија дека се ЗА летни одмори и 31 процент, против.