Летните попусти за игри се во тек на Steam и на Blizzard

Скриншот од Battlenet за Summer Sale
Скриншот од Battlenet за Summer Sale

Летните попусти за игри се во тек на Steam и на Blizzard. Додека Steam нудат преку 1000 игри на моменталниот попуст вклучувајќи и поскапи и понови наслови, Blizzard на својата платформа Battle.net покрај поевтинети додатоци нудат и “pre-purchase” на следната експанзија за WoW DragonFlight која треба да излезе непосредно пред Нова Година, како и “pre purchase” на специјално издание со награди и надградби за Overwatch 2. Summer Sale настанот на Battle.net нуди попусти и до 67% и ќе трае до 4 јули. 

Што се однесува до попривлечните и релативно понови и добри игри што можете да ги купите на Steam, повеќето ги имаме спомнато во претходни наши написи вклучувајќи ги Witcher 3: The Wild Hunt која е на 80% попуст и наместо 30 евра се продава за само 6 евра, God of War која е на 20% попуст и наместо 50 евра се продава 40 евра, Star Wars Jedi Fallen Order која е на 75% попуст и наместо 40 евра се продава за 10 евра, Sekiro која е на 50% попуст и наместо 60 евра се продава за 30 евра. 

Исто така и The Elder Scrolls V: Skyrim Special Edition е на голем попуст од 67% и наместо редовна цена од 40 евра се продава за околу 13 евра. А кога сме кај Elder Scrolls наслови ова е и добра прилика да се купи Elder Scrolls Online која е на 70% попуст и наместо 20 евра чини само 6 евра(за основната верзија која може да се игра неограничено по купувањето). Играта има стабилна бројна популација на играчи и вреди да се испроба иако напредувањето во играта со левели е бавно, но тоа ја прави и подобра бидејќи има многу содржини за играње. 

Assassin’s Creed Odyssey е на 75% попуст и наместо 60 евра се продава за 15 евра. Cyberpunk 2077 и Red Dead Redemption 2 се на 50% попуст и наместо за 60 евра-двете се продават за по 30 евра секоја.

За жал Elden Ring, играта на годината не е воопшто на попуст и си ја задржува цената од 60 евра, а од поновите наслови Dying Light 2 Stay Human е на 33% попуст и наместо 60 евра се продава 40 евра.

Ова се нашите предлози но секако можете да истражите на Steam и други игри по свој вкус во многу категории, бидејќи многу фирми за игри преку Steam моментално имаат огромни попусти. Попустите на Steam траат до 7 јули. 

Напишете коментар

Внесете го вашиот коментар
Please enter your name here