Летен фестивал за игри 2021(Summer game fest 2021)

Фото: Принтскрин, summergamefest.com

Летниот фестивал за игри 2021(Summer Game Fest 2021) започна на 10ти јуни, на самиот стрим во живо најавија многу нови игри претежно за конзоли (иако велат дека ќе најавуваат и компјутерски игри). Кај нас конзолите не се толку популарни затоа што чинат исто колку и нов компјутер па играчите повеќе играат на компјутери иако има и луѓе што цел живот играат и на конзоли и на компјутери. Главен актуелен проблем кај играчите на конзоли е дека нема доволно Playstation 5 конзоли во продажба.

Игрите што ги презентираа се навистина квалитетно направени. Од игрите за деца ги најавија новите Sonic и Ratchet, а исто така и најавија игри за возрасни како The Elden Ring, Evil Dead The Game (базирана на истоимениот комичен-хорор серијал од филмови и серии) и многу други. Ја најавија и Overwatch 2 каде презентираа нови ликови во играта. Тоа што е интересно кај оваа игра е што може да се игра со првиот дел од играта без разлика дали го имате вториот дел, додека Overwatch 1 и 2 ќе бидат поврзани. Графиката на поновите игри станува сè подобра и подобра и девелоперите се трудат да бидат инвентивни.

Во летниот период ќе има повеќе стримови од овој фестивал каде се здружени повеќе фирми од целиот свет кои изработуваат видео игри. Изминатиот стрим сеуште го има онлајн и на истиот вебсајт можете да ги следите и наредните стримања за кои има распоред на сајтот summergamefest.com.

Од презентираните игри најголем впечаток остава The Elden Ring каде за приказната е ангажиран и писателот на Game of Thrones серијалот на книги, Џорџ Р.Р. Мартин, додека самата игра потсетува највеќе на Dark Souls 3, Ghost of Tsushima и Sekiro. За самата игра има подолго рекламно видео на стримот на сајтот. А исто така вреди да се спомене и играта Lost Ark.

Интересно е што најaвија повеќе стримови и настани па ќе можат да се видат и најдобрите нови игри во изработка.