fbpx

Во 56 отсто од случаите, лекарите непотребно препишувале антибиотици

-

Непрописно и непотребно биле препишувани антибиотици во 56 отсто од сите случаи со респираторни проблеми, без да бидат направени дополнителни анализи, покажало истражувањето на Здружението на специјалисти по семејна медицина – респираторна група и Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, пренесува „Нова ТВ“.

– Ова истражување ни покажува дека треба да се направи уште многу во поглед на едукација на населението и на докторите, но одредени активности да се преземат и од клучните институции, како што е Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство – изјавила Радмила Ристовска, претседателка на Здружението на специјалисти по семејна медицина-респираторна група, пренесува „Нова ТВ“.

Како што пишува порталот, во светот има зголемен тренд на намалено пропишување антибиотици, а со организирани кампањи процентот за користење на антибиотици во Данска е намален на 32 отосто, во Шведска 37 отсто, Холандија 34 отсто, Норвешка 27 отсто, Шпанија 20 отсто.

Трендот во овие земји продолжува со наметнување построги критериуми за пропишување антибиотици, што налагаат и извршување дополнителни анализи.

Земјите со висок степен на употреба на антибиотици, како што е Македонија, имаат повисок степен на резистенција, што доведува до зголемена смртност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...