Најиграниот евент на играта World of Warcraft наречен Legion Remix е местото каде најголем од популацијата на WoW играчи ширум светот моментално е масовно префрлена и активна. Настанот е враќање и преигрување на експанзијата Legion каде првпат се појави херојската класа „Ловец на Демони“ или „Димонхантер“. Но, сите играчи кои претходно имале искуство со приватни сервери забележуваат дека целиот концепт на евентот е токму како што беа правени приватните сервери: сè да се искуси набрзина со брза прогресија и појачани способности на ликовите. Секако тоа се играчите што не можеле претходно да си дозволат да ја играат оригиналната игра, а кои воопшто не се во мал број. Всушност, статистички тие неминовно ги надминуваат редовните играчи на „ритејл WoW“ (оригиналот) поради скапотијата на учествувањето во World of Warcraft што денес чини околу 700 денари месечно.
Од друга страна, приватните WoW сервери беа и се бесплатни. Со години кружат гласини дека Близард ги толерираат овие сервери, и дека дури некои од нив ги финансираат затоа што преку приватните сервери, наводно, ги навлекуваат играчите на оригиналот. Офијцалната политика не го потврдува ова и Близард се против приватните сервери.
Настанот Legion Remix почна пред еден месец и ќе трае уште два месеци но е меѓу најактулелните активности во играта бидејќи се отклучуваат и нови и постари добри скинови, сетови и маунти кои ветераните сакаат да ги додадат во своите колекции бидејќи се екслузивни и ќе ги снема кога ќе заврши настанот.
Во играта заземате улога на временски патник кој е дојден да експериментира и ги испитува слабостите на Легијата на Демони којашто е распространета низ многу светови и димензии. Истражувате темпорални аномалии под водство на змејот Етерниус кој е дел од советот на древни змејови наречен Dragonflight.
Секако имате и помагачи кои ве водат. Прва мисија е да земете артефакт оружје и да го замените со таканаречен „симулакрум“ на оружјето, па потоа за да го конвертирате ликот од Legion Remix лик во обичен лик мора да го вратите оружјето на право место и време и да го земете назад симулакрумот. Тоа е од причина што вашата верзија во минатото треба да го има вистинското артефакт оружје. Повеќето патувања низ времето се начелни и општи додека ги играте сите содржини од експанзијата која мора да се признае е одлично сработена своевремено.
Всушност, се играте себеси – херојот на Азерот кој повеќе пати го има спасено светот и други околни светови низ процесот. Дури се споменува и тајмлајн каде сте возвишени и славени како семоќно божество – херој. Секако сите овие елемети е да се полни егото на играчите.
Но, има и нешто што ги одвраќа играчите од овој евент. Тоа е токму фактот што потсетува на играње WoW на приватен сервер. Играта е прелесна, особено заради новото копче за напади кое ви прави ротации на скилови одземајќи само минимален процент од демиџот што е единствена негативност. Практично играте притискајќи само едно копче а правите максимален демиџ. Исто така, доста бргу достигнувате 300% Health Regeneration што ве прави практично бесмртни во повеќето ситуации. Плус, имате 99% fall damage reduction, односно не само што преживувате секаков пад од високо туку и правите slam на земјата кога ќе паднете слетувајки на нозе.
Во меѓувреме охрабрено е играњето на Dungeons и наша препорака е штом достигнете левел 15 да ја активирате опцијата за правење Random Heroic Dungeons иако е препорачано за над level 25. Од змејот Eternius земајте ги квестовите наменети за Heroic Dungeons и прогресијата за левелирање ќе оди толку брзо што само за неколку дена активно играње ќе бидете максимум левел. Ако правите квестови и ја играте приказната за секоја завршена зона добивате преманенентен buff за плус 10% xp за квестови и убиства. А, кога ќе стигнете левел 70 со главниот квест добивате +250% xp buff што многу го скратува времето измеѓу левел 70 и 80. Затоа и повеќето играчи и за просто левелирање нови ликови го употребуваат овој евент. Особено затоа што може да се конвертира ликот во обичен лик по достигнувањето на max level, но и пред тоа ако се направи квестот со замената на симулакрумот спомнат погоре.

Околу леснотијата на играта – еден забавен и најдобар елемент што им се допадна на играчите е постојаното брзо трчање со кое секој лик изгледа подобро во движењето. Самите Dungeon-и се толку лесни што само се трча од главен на главен и практично се игнорираат мобовите помеѓу и се удираат во сред движење. Некои механики и скилови што ве закопуваа во место на евентов се прават „уз движење“ со константно трчање со 60% зголемена брзина на движење.
Исто као на приватните сервери каде имаше Hub со вендори за сè можно, во Legion Remix постои зоната наречена Infinite Bazaar каде купувате скинови и моунти, а за сетовите ви ги препорачуваме тие кај вендорот за Raid-ови. Raid-овите се прават исто како Dungeons, но и се обработени и доработени во најново руво и ден денес изгледаат супер. Повеќето босеви освен Гулдан и Килџејден се тепаат со основна таканаречна „tank and spank“ тактика, без прекомлицирани механики. Освен маркантинте ликови од митологијата на World of Warcraft како Илидан и Малфурион Стормрејџ, Ценариус и други:

За класата Warrior се врзани и божествата од Нордиската митологија поради светската тенденција за популарност на викинзите (God of War, Assassin’s Creed Valhala и многу други) па така во овој евент се среќавате и се борите и со Богот Один и сестра му Хела. Но, некако богот Тор, популаризиран кај најмладите преку Марве, не се појавува воопшто.

Прво нешто што ви препорачуваме да направите околу евентов, дури и да се одлучите да не го преиграте цел, за неполн час играње можете да го земете Courser Black Mount со црвени очи кој е воедно и еднорог. Тоа е најдобриот и доста популарен моунт од најевтините варијанти.

Сè на сè Legion Remix е забавен и интересен евент особено ако сакате целовремено да бидетe OP (Over Powered) во играта и покрај драстичната леснотија. Сепак бара да се вложи време и играње ако ги сакате најдобрите скинови еклузивни за самиот настан.
Всушност и состојбата на World of Warcraft моментално е со голем број на багови кои уште не се поправени, но се претпоставува дека Близард нема ни да ги поправат бидејќи се фокусирани на изработка на следната експанзија „Миднајт“ за чија најава имаме посебен напис овде.
Ако имавте потешкотии да разберете некои од термините употребени во овој напис ви го препорачуваме следниот Водич за RPG термини во игри -каде гејмерската терминологија е објаснета од збор до збор за значењата на фразите и називите што ги употребуваат гејмерите.
