fbpx

ЛДП: Убиството на Немцов треба да биде порака до сите нас

-

Либерaлно-демократската партија на Македонија изрази сочувство до семејството и до граѓаните на Руската Федерација за убиството на опозицискиот лидер Борис Немцов.

„Либерал по убедување, Немцов беше храбар бранител на демократијата и жесток борец против корупцијата во својата земја. Русија загуби силен и храбар политичар на демократијата, гласен критичар на власта. Изразуваме надеж дека креаторите и извршителите на овој кукавички чин ќе бидат откриени и казнети. Убиството на Немцов покажува колку е тешка ситуацијата во која се наоѓаат борците за демократија во Русија, но, истовремено, треба да биде порака до сите нас, овде, во Македонија, дека не треба да скршнуваме од патот по кој сме тргнале, да ја воведеме Македонија во европското семејство и во НАТО. Да им ги гарантираме на граѓаните слободата на говорот и личното определување“, се вели во соопштението од ЛДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...