fbpx

ЛДП: Пред Јанева да почне истрага, Талески да си поднесе оставка

-

Пред да почне истрагата на специјалното јавно обвинителство, во општина Битола опозициската ЛДП бара градoнaчалникот Владимир Талески да си поднесе оставка. Повикувајќи се на веста дека специјалната обвинителка Катица Јанева ќе почне со работа на првите пет предмети поврзани со „бомбите“, либерал-демократите од Битола сметаат дека останувањето на градоначалникот на чело на локалната самоуправа е неприфатливо.

– Вчера, специјалната обвинителка Јанева побара пет предмети од Јавното обвинителство на Република Македонија, меѓу кои и предметот што се однесува на лицата В.Т. и С.Б. , со што специјалниот обвинител тропна на вратата на Општина Битола. Ова зборува дека во Општината и официјално ќе има истрага за В.Т и за С.Б од Јанева. За да се овозможи непречена истрага, ЛДП бара градоначалникот Талески да си поднесе неотповиклива оставка – изјави Александар Касапов, советник на Општина Битола.

Пред една недела битолските опозиционери побараа од градоначалникот Талески да ги открие имињата што се посочени во предметот на обвинителството поврзани со Општина Битола. До денеска никој од Општината не одговори на прозивките на опозицијата.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...