fbpx

ЛДП: По изборите ќе бараме да се избрише „ВМРО“ како предзнак на политички партии

-

Предзнакот „ВМРО“ денеска е узурпиран од политички партии кои сакаат да ги присвојат само за себе придобивките на славната организација од минатото, иако немаат ништо заедничко со нејзините цели и традиции, велат од Либерално-демократската партија.

„Либерално-демократската партија им го честита на граѓаните на Република Македонија, 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба. Предзнакот „ВМРО“ денеска е узурпиран од политички партии кои сакаат да ги присвојат само за себе придобивките на славната организација од минатото, иако и самите се свесни дека немаат ништо заедничко со целите и со традициите на ВМРО“, стои во соопштението на ЛДП.

Од партијата велат дека по изборите на 11 декември, во новото Собрание ќе поднесат закон „за отстранување на четирите историски букви „ВМРО“ како предзнак на политичките партии и забрана за злоупотреба на ова име во насока на прибирање на политички, комерцијални и лични поени“.

„Никој нема право на монопол на овој дел од македонската историја ниту, пак, право да ги валка во пепелта на криминалот, корупцијата и на злоделата на оваа власт, чија партија го носи предзнакот „ВМРО“. Никола Груевски заедно со неговата осомничена и обвинета дружина за криминал и за изборни измами, немаат право да се кријат зад идеологијата, патриотизмот и зад овие четири букви кои се длабоко всадени во кодот на секој македонски граѓанин“, нагласуваат од опозициската партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...