fbpx

ЛДП фрли нов сомнеж врз работата на битолскиот градоначалник

-

Битолските либералдемократи фрлаат нов сомнеж врз транспарентното работење на битолскиот градоначалник Владимир Талески. Тие бараат Талески да не го подига кредитот од 2,5 милиони евра сè додека Јавното обвинителство не се изјасни по кривичната пријава што опозицијата ја поднесе против него, а поттикната од тврдењата во јавно објавените разговори на министерот за финансии, Зоран Ставрески, и на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во кои Ставрески го нарекува Талески „тежок криминалец“ кој потпишал „коруптивен до даска договор“.

– ЛДП ја почитува презумцијата на невиност, но сметаме дека под вакви околности, кога и самиот министер Ставрески употребува погрден речник за Талески, ниту ВМРО-ДПМНЕ, како мнозинство во Советот на општина Битола, ниту пак опозицијата не смеат да дозволат општината да се задолжи со толку голема сума пари – рече советникот на ЛДП во Општина Битола, Валентин Груевски, на денешната прес-конференција во Битола .

Според власта, кредитот ќе биде за вложување во инфраструктурата на поранешната касарна. Груевски вели дека и да е така, ситуацијата „повторно остава простор за нов сомнеж бидејќи е јасно дека самите инвеститори во касарната веќе ги платиле давачките за комуналии“.

– Во вакви околности не смееме да дозволиме Општината да „заглави“ со кредит кој ќе треба да се отплаќа во наредните 15 години. Значи, не се работи само за сума од 2,5 милиони евра, тука е и каматата, која според нашите пресметки, ќе се приближи до сумата од еден милион евра – рече советникот на ЛДП.

Кривичната пријава против Талески ја поднесоа битолските социјалдемократи пред десет дена. Тие бараат од Јавното обвинителство да се преиспитаат разговорите меѓу Ставрески и Јанкулоска, во кои зборуваат дека градоначалникот склучил договор за превоз на ученици, со цени дури за 10 пати повисоки отколку пазарните.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...