fbpx

ЛДП бара да се одложат изборите ако Груевски продолжи да опструира

-

Или ќе се имплементира Договорот од Пржино со сите важни реформи, или избори во април нема да има, рече Горан Милевски, лидерот на Либерално-демократската партија, на трибината „Македонија по груевизмот – либерални решенија“ во Велес.

Според Милевски, доколку не се исполнат сите точки од Договорот од Пржино, односно сè она што значи структурни реформи, прочистување на избрачкиот список во ДИК и Законот за медиуми, беспредметно би било да се излезе на избори и најдобро ќе биде изборите да се одложат сè додека актуелната власт не го исполни договорот докрај.

– Не смееме да дозволиме да се организираат уште едни лажни избори во Македонија по нотите на Груевски. Ако Договорот од Пржино не се испочитува и, пред сè, не успее да заживее, ако не почне да се спроведува на дело сè она што го сметаме дека е ургентно, тогаш нашиот став ќе биде изборите во април да се одложат. Јавноста гледа дека со спроведувањето на договорот се доцни. Во оваа држава избори треба да има само тогаш кога ќе има можност тие да се организираат слободно и фер, а не под палката на диригентот Груевски – рече Милевски на трибината во Велес.

Лидерот на ЛДП смета дека министрите на опозицијата не можат слободно да работат бидејќи кадрите на ВМРО-ДПМНЕ постојано ја опструираат нивната работа и не дозволуваат обврските да се одвиваат нормално, според законите и прописите во оваа држава.

На трибината зборуваа и потпретседателот на ЛДП, Зоран Шапуриќ, членот на извршниот одбор на партијата, Јован Манасијевски, и поранешниот прв антикорупционер, Драган Малиновски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...