fbpx

Лажниот син на Здравко Чолиќ и лекот за рак со сода бикарбона меѓу 20 најголеми дезинформации во БиХ во 2019-та

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Босанско-херцеговскиот сервис за борба против дезинформациите „raskrinkavanje.ba“ подготви осврт на најголемите дезинформации и лажни вести пласирани од медиумите во Босна и Херцеговина во 2019 година.

Убедливо на првото место на списокот од 20 дезинформации е сатирична статија што првпат била објавена во јануари 2018 со напомена дека станува збор за шега, но во 2019 година била пренесувана на многу портали како вистината, а се однесува на популарниот поп-пејач Здравко Чолиќ. Станува збор за текстот со наслов „Здравко Чолиќ по 52 години одлучи да го признае Амир Казиќ Лео“, кој бил објавен на сатиричниот портал „Сатирање“, а мноштвото медиуми што го презеле, го пласирале текстот како вистинска вест.

Втора најчитана анализа на „raskrinkavanje.ba“ била онаа со која се посочувале невистините во „текстовите“ за сода бикарбона како чудесен лек против рак, кој наводно бил патентиран од италијански лекар. „Но ниеден од текстовите во медиумите не ги изнесува фактите за италијанскиот лекар кој поради ваквото лекување ја загубил лекарската лиценца и неодамна е осуден на пет и пол години затвор поради несовесна лекарска практика и убиство на пациент“, пишува босанскиот сервис за проверка на фактите.

Меѓу најчитаните се најде и разоткривањето на дезинформацијата дека името на Црниот петок, односно првиот петок во ноември во кој се делат огромни попусти од страна на трговците, потекнува од времето кога во САД било легално робовладетелството, а дезинформаторите тврдеа дека пазарите за робови се одржувале во петоците, па оттаму и името. Но, „raskrinkavanje.bа“ во својата анализа покажа дека тоа нема врска со вистината.

Останатите од 20-те најголеми дезинформации во БиХ што биле побиени од страна на босанскиот сервис за борба против дезинформации може да ги прочитате тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...