Лажни тврдења за кромидот како прочистувач на воздухот од бактерии – и вируси

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Стара и многупати повторувана дезинформација за „магичните својства“ на кромидот, односно лажни тврдења дека тој „апсорбира“ и убива бактерии и вируси, била објавена на некои грчки сајтови и блогови и се ширела преку постови на социјалните мрежи. Ваквото тврдење е неточно, покажуваат проверките на грчкиот сервис за борба против дезинформациите ellinikahoaxes.gr.

Во анализираните текстови пишувало дека некој лекар во 1919 година, при пандемијата на Шпански грип, кога имало многу заболени, во некое село наишол на семејство во кое сите биле здрави, а тоа се должело на тоа што во секоја соба на чинија ставале по половина главичка кромид. „Лекарот наводно ги испитал главичките под микроскоп и видел дека во нив имало вируси на грипот. „Кромидот ги апсорбирал бактериите на грипот“, се тврди во објавите.

Имало и друга варијација на темата – дека неименувана фризерка спречила болните муштерии да ѝ ги заразуваат вработените со грип со тоа што ставала главички кромид низ салонот, а во постовите на грчките корисници на социјални мрежи и на блоговите пишувало и дека некое дете било многу болно, па покрај неговиот кревет вечерта во тегла оставиле главичка кромид, а утрото таа „била црна од бацилите“, а детето почнало да оздравува.

Како заклучок на ваквите тврдења во дезинформациските објави, се тврди дека кромидот апсорбира бактерии, и некогаш луѓето се разболуваат не поради други причини, туку поради тоа што изеле кромид што апсорбирал бактерии.

Но, како ушто утврдуваат анализите на ellinikahoaxes.gr, овие дезинформации се пласираат на интернет уште од 2009 година, во контекст на други болести, а сега се само пресликани на новиот корона вирус. Дополнително, ваквите приказни немаат речиси никаква допирна точка со научните факти.

Секако дека е можно кромидот да содржи соединенија што делуваат погубно на вирусите, но кога ќе се изеде, а да се тврди дека може да дејствува како воздушен филтер и да прибира бактерии и вируси од воздухот е апсурдно, порачува ellinikahoaxes.gr.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...